Спортска сала


Спортската сала во Пехчево е дел од спортскиот комплекс „Гогов“. Во комбинација со хотелскиот комплекс „Гогов“ нуди извонредни услови за подготовки на професионални екипи буквално од сите спортови. Опремена со уреди за ладење и греење, што ја прави соодветна за подготвителни спортски тренинзи во сите годишни периоди.