Градски стадион - ФК Кит Го - Пехчево


Градскиот стадион во Пехчево е во рамките на спортскиот комплекс „Гогов“. Комплетно реновиран, со еден од најдобрите терени во Македонија согласно најсовремените европски стандарди и нов дополнет трибински дел со капацитет од 1.500 седишта. Во рамките на стадионот се и новоизградените спортски простории со соблекувални и службени простории. Фудбалските екипи може да ги користат и капацитетите на хотел „Гогов“, кој е во непосредна близина, во чии рамки е и конференциската сала за состаноци.