Кит Го се засили со поранешен офанзивец на Вардар и Пелистер

Повеќе од амбициозниот второлигаш Кит Го од Пехчево максимално сериозно се подготвува и за пролетниот дел од сезоната, и преку дополнително засилување на играчките редови.

Веднаш по крајот на есенскиот дел од шампионатот, Кит Го ги засили своите офанзивни позиции со напаѓачот Антонио Бујчевски кој изминативе шест месеци настапуваше за косовскиот прволигаш Трепча.

28-годишниот Бујчевски е поранешен фудбалер на Пелистер, Вардар, Ренова, Металург, Тетекс и Силекс, а по епизодата на Косово сега повторно се враќа во Македонија.

Кит Го своите подготовки за пролетниот дел од првенството ги почнува на 14. јануари. Како што информираат од клубот, во тек се разговори со уште неколку истакнати фудбалери кои треба да го засилат тимот за пролетната полусезона.