Кит Го ќе „тестира“ со Брегалница, Беласица, Тиквеш...

Од 4 до 16 февруари, фудбалерите на второлигашот од Пехчево ќе се подготвуваат во Дојран.


Додека играчите и стручниот штаб ја одработуваат првата фаза од тековните подготовки, раководството на Кит Го го утврдуваше распоредот на пријателските средби оваа зима. Па така, барем такви се плановите, амбициозниот второлигаш од Пехчево, до стартот на сезоната во Втората лига - Исток, има намера да одигра дури осум пријателски меча.

Се стартува против Детонит на 26 јануари, потоа на 30 истиот месец против Брегалница, и двата меча се играат во Штип. На 4 февруари експедицијата заминува во Дојран каде ќе остане се до 16 февруари. На 6 февруари ривал ќе биде Кожув, на 10 пак Беласица, три дена подоцна Кит Го силите ќе ги одмери со Симитли (Бугарија), за крај во Дојран противник ќе биде тимот на Тиквеш. Претпоследниот меч закажан е на 23 февруари против Плачковица, а „генералката" ќе биде на 2 март против Тетекс.

Да споменеме дека Кит Го во текот на овој зимски преоден рок, покрај другите, се засили и со Благој Гуцев, Антонио Бујчевски, Александар Пановски.

Поврзани вести