Кит Го официјално промовиран во нов второлигаш (ФОТО)

На крајно доминантен начин, ФК Кит-Го од Пехчево како најдобра екипа од сите третолигашки региони обезбеди место во Втората македонска фудбалска лига следната сезона.

Фудбалерите на Кит Го вчера и официјално се промовирани како идни второлигаши, добивајќи го и пехарот за освоеното прво место во Третата лига – Исток. Со 25 победи и само една нерешена средба, и неверојатна гол разлика од 120-15, тимот од Пехчево патува во Втората лига.



Во вчерашното последно коло од првенството, на домашен терен Кит Го славеше со 4-1 (3-0) против Малеш од Берово со головите на Мартин Стојанов, во два наврати, Андреј Симевски и Бобан Мариќ.

Пехарот за освојувањето на првенството во Третата лига, на пехчевци им го предаде претседателот на Третата лига – Исток, Владо Андов.

Галерија

Поврзани вести