Заживување на Малешевијата – Првата велосипедска оф-роуд трка во Пехчево (ФОТО)

Во организација на „Хотел Гогов“ од Пехчево и општина Пехчево за првпат се организираше велосипедска „оф-роуд“ трка долга 30 километри на падините на Малешевијата.

Стартот на трката беше од градскиот плоштад „Св. Петар и Павле“ во Пехчево, преку Равно борјке, Бел Камен, Рамна река па повторно на стартно-целната рамнина во траење од околу три часа. На првата оф-роуд трка во Пехчево настапија околу 30 велосипедисти од цела Македонија…
 

„Сакаме на овој начин, и преку спортските активности, ние како хотел ‘Гогов’ чувствувајќи и општествена одговорност да допринесеме за промоција на овој прекрасен а подзаборавен регион во Македонија. Планот е овој настан да стане традиција а следната година да биде и далеку помасовен со вметнување нови елементи во организацијата, и со логорувања, музички делови и многу дружење на Равна река во Пехчево“ – истакнаа организаторите на трката.

Галерија

Поврзани вести