Ристов од Струмица ќе ја дели правдата против Партизан Обршани

Фудбалерите на Кит Го во недела (17. март) го играат првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток пред своите навивачи во Пехчево.

Натпреварот против Партизан Обршани од 16. коло ќе го суди Сашко Ристов од Струмица ,а негови помошници ќе бидат Ѓорѓиев Ристе и Кристијан Џонов од Штип.


Кит Го во првото пролетно коло неочекувано загуби со 1-0 на гостувањето против Саса во Македонска каменица, па сега нагласена е желбата за освојување на првите три пролетни бода.