Убедлива победа против Партизан Обршани

По неочекувано пораз на гостувањето против Саса во Македонска каменица, фудбалерите на Кит Го во 16. коло од Втората лига - Исток одиграа фантастичен натпревар на домашен терен против Партизан Обршани, декласирајќи го со убедлива победа од 6-1.

На најдобар можен начин следеше рехабилитација од изненадувачкиот пораз од Саса во претходното коло. Победата против Партизан Обршани ја најави Иван Настевски во 36. минута, а веќе во следната минута Антонио Бујчевски зголеми на 2-0.



Бујчевски во продолжението постигна уште три погодоци, во 41. во 52. и во 86. минута, а претходно во 82. минута противничката мрежа ја затресе и Стоименов.

Во следното, 17. коло од Втората лига - Исток, на 23. март Кит Го го очекува дерби пресметката против Борец во Велес.