Трајче Сенев си поднесе оставка

Досегашниот прв тренер на Кит Го, Трајче Сенев се повлече од функцијата во нашиот клуб. По двата порази од Саса во Македонска Каменица и последниот од Борец во Велес, Сенев се одлучи да си поднесе оставка на тренерската функција, како што вели, единствено во интерес на клубот за остварување на подобри резултати во натпреварите кои следуваат.

Раководството на ФК Кит Го му се заблогодарува за досегашната соработка и му посакува многу успеси во понатамошната тренерска кариера. Наскоро ке биде и објавено името на новиот тренер кој ке го предводи тимот на Кит Го.

Сенев е еден од најзаслужните за досегашните резултати на екипата на Кит Го, водејќи го тимот од самите почетоци минувајќи од најниските домашни натпреварувања па се до експресниот влез во Втората лига. Под негово водство Кит-Го влезе во Втората лига - Исток без ниту еден пораз минатата година.