Димовски: Мотивирани сме за надигрување и со Борец

И покрај репрезентативните активности денеска од 14:30 часот се играат натпреварите од 17. коло во двете домашни второлигашки конкуренции.

Без сомнение погледите ќе бидат насочени кон дерби пресметката во Втората лига - Исток каде Кит Го гостува на лидерот Борец од Велес. По убедливата победа против Партизан Обршани во претходното коло, левокрилниот дефанзивец Мартин Димовски сега очекува да се повтори таа игра и против лидерот на табелата.

„Посакуваме повторување на играта од дуелот со Партизан Обршани. Знаеме дека тоа е единствениот начин за да дојдеме до позитивен резултат во Велес. Во екипата има добра атмосфера, мотивирани сме за овој дерби натпревар и сите очекуваме да одиграме тимски и да ги израдуваме нашите навивачи со нова победа“ - вели Димовски.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (17. коло, 14:30 ч.)
Борец - Кит Го
Партизан Обршани - Тиквеш
Плачковица - Брегалница
Кожуф - Вардар Неготино
Каменица Саса - Детонит јуниор