Темелков: Серијата без пораз да продолжи и во Кавадарци

Кит Го утре од 16 часот, во 23. коло од Втората лига - Исток, го очекува нова дерби пресметка, овој пат против Тиквеш во Кавадарци.

Фудбалерот од средниот ред, искусниот Александар Темелков верува дека може да се продолжи со успешните изданија затоа што во составот се свесни за своите квалитетите дополнети и со одличната атмосфера која е на највисоко ниво.

„По победата над Кожуф не чека тешко гостување против Тиквеш во Кавадарци, екипа која максимално ја респектираме. Сепак, наша желба е да продолжи серијата без пораз и повторно низ добра игра да дојдеме до позитивен резултат. Мотивирани сме и ако повторно го дадеме максимумот на терен сигурно може да се радуваме на нова победа. Импулс повеќе ни дава и одличната атмосфера која владее во тимот. Нема психолошки притисок и тоа ни дава дополнителна сила на секој следен натпревари да одиме на победа“ - вели Темелков.