Минимален пораз на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци

Фудбалерите на Кит Го доживеаја минимален пораз од 3-2 на гостувањето против Тиквеш во 23. коло од Втората лига – Исток.

На дуелот кој во голема мера мина во израмнет фудбал, а Кит Го во финишот имаше и можности за израмнување, Тиквеш поведе со голот на Иван Ивановски во 14. минута. Но, Зоран Андонов успеа да израмни во 20. минута.

Кавадарчани дојдоа до 3-1 со двата погодоци на Марјан Ташков во 29. минута и капитенот Ѓорѓи Мојсов во 31. минута. А, потоа следеше притисокот на фудбалерите на нашиот тим кои во второто полувреме преку Александар Темелков во 58. минута намалија на 3-2. Но, и покрај желбата не се успеа да се стигне до бод. Посебно во ситуација кога во 88. минута беше исклучен Кристијан Апостоловски.

Во следното, 24. коло (4. мај), Кит Го го очекува уште една дерби пресметка против Борец во Пехчево.

РЕЗУЛТАТИ - 23. КОЛО
Тиквеш - Кит Го 3-2
Плачковица - Вардар Неготино 5-0
Кожуф - Брегалница 2-3
Борец - Каменица Саса 6-0
Детонит јуниор - Партизан Обршани 5-0