ВИДЕО: Головите од натпреварот со Тиквеш

Фудбалерите на Кит Го загубија минимално со 3-2 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци, во 23. коло од Втората лига - Исток.

Домашните дојдоа до предност со голот на Иван Ивановски во 14. минута. Прекрасен погодок постигна Зоран Андонов во 20. минута за израмнување на 1-1, а Тиквеш потоа со головите на Марјан Ташков во 29. минута и Ѓорѓи Мојсов во 31. минута стигна до водство од 3-1.

Супер-погодок директно од слободен удар постигна Александар Темелков во 58. минута за конечни 3-2...