Тонев: Во Кавадарци игравме со силен мотив за успех, но ете и поразите се дел од фудбалот

И покрај огромниот мотив, фудбалерите на Кит Го не успеаја да ја продолжат низата без пораз под водство на новиот тренер Добринко Илиевски - Пижон. Кит Го загуби минимално со 3-2 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци во натпревар во кој беа видени пет прекрасни погодоци.

„За жал, и поразите се дел од фудбалот. Силно посакувавме продолжување на серијата без пораз но не успеавме да дојдеме до посакуваните бодови во Кавадарци. Примивме три гола во првите 30 минути и тоа пресуди. Мора да бидеме реални. Примивме три евро-голови кои едноставно не можеа да се запрат. Во продолжението силно атакувавме кон противничкиот гол, имавме шанси и за израмнување но остана тој еден гол минус“ - вели дефанзивецот на Кит Го, Никола Тонев.

Пехчевци до крајот на првенството најавуваат чесна борба на секој натпревар во интенцијата јасно да го демонстрираат сиот свој квалитет против секој противник.

„Ние и во Кавадарци бевме водени од спортските мотиви со голема желба за успех. Игравме чесно, од срце, и си силен мотив и така ќе биде на секој натпревар до крајот на првенството“ - вели Тонев.

Кит Го во следното, 24. коло, го чека нова дерби пресметка сега против Борец во Пехчево.