Кит Го и „Реал Мадрид Фондација Клиник“ го стартуваа фудбалскиот камп во Штип

ФК Кит Го, како дел од проектот на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ стартуваше со фудбалскиот камп во Штип. Во соработката со „Спорт Арена“ нашиот клуб на Градскиот стадион во Штип од денеска па до 21. јуни го организира еден од најголемите тренинг кампови во земјава под закрила на најдобриот светски клуб.

Повеќе од 200 млади фудбалери, под раководство на тренерите од Реал Мадрид Фондација во наредните пет дена ќе се стекнат со нови фудбалски вештини и ќе бидат дел од големото „кралско“ семејство.



Уникатен пристап и методи за обука, „кралска“ грижа за младите фудбалери со тренинзи наменети за подобрување на личната техника, тактичкото однесување на теренот, завршувањето на целта и когнитивните способности (брзина на дејствување) можеа да бидат забележани уште од првиот ден на кампот. Обуката во фудбалскиот камп ќе им овозможи на играчите да тренираат како професионален фудбалер, да ги научат најдобрите спортски вредности и да ги развиваат своите вештини.



Овој проект ФК Кит Го заедно со „Реал Мадрид Фондација Клиник“ го организираат и во насока на дополнителен влог и инвестиција во развојот на фудбалската игра во целиот регион.