На најдобар можен начин заокружен фудбалскиот камп „Реал Мадрид Фондација Клиник“ во Штип (ФОТО)

ФК Кит Го и Реал Мадрид Фондација преку лиценцираниот партнер во Македонија, „Еуроспорт Арена“ на најдобар можен начин го заокружија проектот со организација на фудбалскиот камп во Штип.

„По незаборавните доживувања со претходните два кампа, „Real Madrid Foundation Campus Experience“ во Скопје и во Охрид, изминативе пет дена заокруживме на најдобар можен начин уште еден нов проект. Според принципите на „Реал Мадрид Фондација Клиник“, младите фудбалери од македонските клубови и школи во Штип имаа можност да уживаат во уникатен пристап за обука и спортски вредности стекнувајќи се со неверојатно фудбалско искуство, а притоа со вклучени и тренери од нашиот значаен партнер, ФК Кит Го. На крајот на сите учесници на трите кампа, покрај овој во Штип, и на оние во Скопје и Кавадарци, им беа доделени признанија и дипломи“ – вели Влатко Тодев, првиот човек на „Еуроспорт Арена“.



На последниот ден од тренинг кампот на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ во Штип присутен беше и градоначалникот Благој Бочварски кој искажа задоволство што градот заедно со ФК Кит Го, како организатор, доби ексклузивна можност за организација на еден ваков камп кој без сомнение носи значаен придонес во развојот на фудбалската игра во регионот.