Против Пелистер во 1/16-финалето од Купот на Македонија

Во една од најинтересните второлигашки пресметки во 1/16-финалето од Купот на Македонија, Кит Го во Пехчево ќе го пречека битолски Пелистер.

Денешната ждрепка во ФФМ сакаше нашиот тим во битката за осминафинале во најмасовното домашно клупско натпреварување да се соочи со Пелистер. Натпреварот ќе се игра на 21. август во Пехчево.

Минатогодишните финалисти Академија Пандев и Македонија ЃП ќе бидат слободни, а актуелниот шампион Шкендија ќе му гостува на Гостивар. Брегалница ќе се соочи со тимот на Ново Црнилиште од Прилеп, член на Третата лига - Централен регион.

ДВОЈКИ - КУП НА МАКЕДОНИЈА (1/16-финале)
КИТ ГО - Пелистер
Охрид – Беласица
Фортуна – Силекс
Кожув – Ренова
Кравари – Лабуништа
Саса – Вардар
Ново Црнилиште – Брегалница
Локомотива – Струга
Велазерими – Работнички
Љуботен – Тиквеш
Превалец – Борец
Осогово – Победа
Гостивар – Шкендија