Генералката пред новата сезона во среда против Силекс

Генералката пред официјалниот почеток на новата натпреварувачка сезона фудбалерите на Кит Го ќе ја имаат во среда (14. август) против прволигашот Силекс.

Натпреварот против Силекс ќе се игра во Кратово со почеток од 17:30 часот.

Шефот на стручниот штаб Емил Грнев на натпреварот ќе ги има сите расположиви сили, како начин за финална проверка пред натпреварот од 1/16-финалето во Купот на Македонија против Пелистер закажан за 21. август.