Минимален пораз од Силекс во Кратово

Фудбалерите на Кит Го загубија минимално со 1-0 на гостувањето против Силекс во Кратово, на генералката пред стартот на официјалните натпревари од новата сезона.

Избраниците на Емил Грнев беа далеку подобар противник од Силекс во првото полувреме, иако домашните брзо дојдоа до водство, кое подоцна се покажа доволно за триумф, со голот на Метин Рушити. Неколку одлични шанси за Кит Го во продолжението не искористија Ступиќ, Андонов и Трајче Ефремов.

Кит Го на натпреварот во Кратово настапи во следниот состав: Сандевски, Ристевски, Христов, Синев, Димоски, Колев, Ташков, Андонов, Пановски, Алексовски и Ступиќ. Поради повреда во комбинација за настап не беше Владимир Дујоски.

Нашиот тим на 21. август во Пехчево го очекува 1/16-финалниот натпревар од Купот на Македонија против битолски Пелистер.