Ристов од Струмица главен делител на правдата против Плачковица

Фудбалерите на Кит Го во 3. коло од Втората лига - Исток гостуваат на Плачковица во Радовиш, во очекување и на својата прва победа во новата сезона. Натпреварот се игра во сабота (7. септември) со почеток од 16 часот на Градскиот стадион во Радовиш.

Главен судија на натпреварот е Сашко Ристов од Струмица, а ќе му помагаат Кристијан Џонов од Штип и Богданчо Ѓеоргиев од Кочани. Четврти судија е Ристе Сејменов од Струмица, делегат - Милорад Тренчевски од Куманово, а контролор Слободан Стојсављевиќ од Прилеп.