Најдов: Подготвени сме за атак на првата победа сезонава

По поразот и ремито на стартот од новата сезона во Втората лига - Исток, фудбалерите на Кит Го се цврсто решени за атак и на првиот триумф. Во таборот на нашиот клуб постои цврста одлучност во 3. коло од шампионатот да се стигне до трите бода на гостувањето против Плачковица во Радовиш.

„Имаме подобра екипа од Плачковица и верувам дека тоа ќе го докажеме на утрешниот натпревар. Подготвени сме за дуелот, цврсто решени да се радуваме на првата победа. Увидени се некои грешки од претходните два дуели, па со корекција на недостатоците сигурен сум дека во продолжението од првенство ќе има од нас далеку подобри игри“ - вели офанзивецот на Кит Го, Петар Најдов.

Натпреварот меѓу Плачковица и Кит Го во Радовиш утре се игра со почеток од 16 часот.