Без победник и на гостувањето против Плачковица во Радовиш

Фудбалерите на Кит Го го запишаа и второто едноподруго реми во 3. коло од Втората лига - Исток.

На гостувањето против Плачковица во Радовиш, Кит Го одигра 1-1 во натпревар во кој нашиот тим беше далеку подобар противник на теренот. Но, како и на претходните дуели затаи реализацијата поради што на крајот остана еден бод и од оваа пресметка.

По отворениот атак уште од самиот старт Кит Го поведе со голот на Петар Најдов уште во 8. минута од средбата. Но, домашните израмнија со голот на Трајановски во 23. минута.

Во второто полувреме целосна иницијатива на избраниците на Емил Грнев, но останаа нереализирани неколку одлични можности.

Во 4. коло, на 15. септември, Кит Го на домашен терен во Пехчево го пречекува Осогово.

ПЛАЧКОВИЦА - КИТ ГО 1-1 (1-1)
Градски стадион во Радовиш. Стрелци: Трајановски 23' (П) - Најдов 8' (К).


РЕЗУЛТАТИ - 3. КОЛО
Беласица - Каменица Саса 2-1
Питу Гули - Брегалница 0-6
Плачковица - Кит Го 1-1
Кожуф - Победа 2-1
Осогово - Тиквеш 0-1