Судиска тројка од Битола ќе ја дели правдата на мечот со Осогово

Судиска тројка oд Битола ќе ја дели правдата на неделниот натпревар од 4. коло во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и Осогово во Пехчево.

Владимир Ѓоргиевски ќе биде главен делител на правдата а ќе му помагаат сограѓаните Злате Лозаноски и Николче Дрнковски. Четвртиот судија е Дени Лековски, исто така од Битола.

Делегат на натпреварот ќе биде Ванчо Митров од Турново, а контролор - Бранко Величковски од Крива Паланка.