Втора победа во низа, совладан и Питу Гули во Прилеп

Фудбалерите на Кит Го стигнаа и до втората едноподруго победа во шампионатот од Втората лига - Исток, славејќи со 1-2 (0-1) на гостувањето против Питу Гули.

На натпреварот кој се одигра на стадионот Могила во Прилеп, избраниците на Емил Грнев беа далеку подобар противник на теренот пропуштајќи можност и за поубедлив триумф.

По почетната иницијатива, водството следеше во 25. минута по прекрасната акција од левата страна на Андонов кој одлично нафрли пред голот на домашните каде од десеттина метри Петар Најденов прецизно стрелаше за 0-1. Во продолжението уште неколку можности за Кит Го, но резултатот остана непроменет до полувремето.

Само што стартуваше второто полувреме, брз контранапад на Кит Го по десната страна... Петар Најдов од својата половина одлично го проигра Дарко Алексовски кој продре по десната страна, нафрли пред голот на Питу Гули каде на 5-6 метри, дефанзивецот на домашните Соте Андреески сместува во сопствената мрежа постигнувајќи автогол.

До крајот на средбата, Питу Гули успеа единствено да постигне почесен погодок преку Аријан Селмани во 59. минута.

Во следното, 6. коло, на 28. септември на домашен терен Кит Го ја пречекува Брегалница во Пехчево.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (5. КОЛО)
ПИТУ ГУЛИ - КИТ ГО 1-2 (0-1)

Стадион Могила во Прилеп. Гледачи: 300. Стрелци: Селмани 59' (ПГ) - Најдов 25', Андреески 48'(аг) (КГ).