ВИДЕО: Головите од победата против Питу Гули

Кит Го ја запиша и втората едноподруго победа во Втората лига - Исток, славејќи во 5. коло со 1-2 (0-1) на гостувањето против Питу Гули.

На натпреварот кој се одигра на стадионот Могила во Прилеп, нашите фудбалери до триумфот дојдоа со голот на Петар Најденов во 25. минута по прекрасната акција од левата страна на Андонов, како и автоголот на домашниот дефанзивец Соте Андреески во 48. минута откако Дарко Алексовски продре по десната страна и нафрли пред голот на Питу Гули.

Домашните постигнаа само почесен погодок преку Аријан Селмани во 59. минута.