Грнев: Задоволство од победите, но очекувам и подобри игри во иднина

Шефот на стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев е задоволен од растот на формата на екипата и двете едноподруго победи во шампионатот кои треба да донесат дополнителен мотив за продолжението...

„Согласно посакувањата екипата оди во нагорна линија. Можеби многу порано требаше да дојдат резултатите, но мислам и сега на време фаќаме приклучок за горниот дел од табелата“ - вели Грнев, притоа дополнувајќи:

„Се покажа низ досегашниот дел од првенството дека нема лесни противници. Против секоја екипа мора да се игра максимално дисциплинирано. Сепак, очекувам уште подобра игра од моите фудбалери во иднина. Искрено се надевам на подобрување на реализацијата, затоа што досега создаваме многу шанси на секој натпревар а реализацијата затајува. Во секој случај, добро е што на последните натпревари се гледа дека играчите го препознаваат и практикуваат сето она што го работиме на тренинзите“.

Кит Го во следното, 6.коло, од Втората лига - Исток  в недела (29. септември) ја пречекува Брегалница во Пехчево.