Божиновски од Скопје главен судија на мечот против Брегалница

Познати се службените лица за натпреварот на Кит Го против Брегалница во рамките на 6. коло од Втората лига - Исток кој се игра в недела (29. септември) со почеток од 15 часот во Пехчево. Главен судија ќе биде Христијан Божиновски од Скопје.

На Божиновски ќе му помагаат сограѓаните Александар Недевски и Дарко Костадиновски, а четврти судија ќе биде Александар Василевски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Александар Ангелов од Кочани, а контролор - Горан Манасиев од Велес.