Продолжува низата без пораз: Без победник со Брегалница во 6. коло

Фудбалерите на Кит Го ја продолжуваат низата од пет меча без пораз во Втората лига - Исток, ремизирајќи (1-1) во последниот натпревар од 6. коло против штипска Брегалница.

На натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион во Пехчево, Брегалница дојде до предност со голот во 28. минута на Стојанче Велинов кој доби одлична длабочинска топка па рутински од десеттина метри стрелаше ниско по земја за водство од 0-1.

Во продолжението фудбалерите на Кит Го наметнаа далеку поагресивен ритам, желни за израмнување кое следеше во 71. минута кога по нафрлувањето од слободен удар од десната страна пред голот на Брегалница, стоперот на Брегалница, Дарко Стојанов со глава ја затресе сопствената мрежа за израмнување, 1-1.

До крајот на натпреварот, двете екипи одиграа без посериозни можности за конечни 1-1.

Во следното, 7. коло, од првенството Кит Го гостува на лидерот Тиквеш во Кавадарци.

КИТ ГО - БРЕГАЛНИЦА 1-1 (0-1)
Градски стадион во Пехчево. Гледачи: 500. Стрелци: Д. Стојанов 71'(аг) (КГ) - Велинов 28' (Б).