Сејменов од Струмица на центарот на мечот против Тиквеш во Кавадарци

Ристе Сејменов од Струмица ќе биде главен делител на правдата на натпреварот на Кит Го против Тиквеш, во рамките на 7. коло од Втората лига - Исток, кој на 6. октомври се игра во Кавадарци.

На Сејменов ќе му помагаат сограѓаните Кире Ангеловски и Стојан Костадинов, а четврти судија ќе биде Сашко Ристов, исто така од Струмица. Делегат на натпреварот е Митко Бојаџиев од Чешиново, а контролор - Аднан Идризи од Тетово.