Дујовски: Тиквеш е фаворит, но ние сакаме продолжување на позитивната низа

По серијата позитивни резултати фудбалерите на Кит Го денеска од 15 часот во рамките на 7. коло од Втората лига - Исток ги очекува повеќе од сериозен тест против лидерот на табелата кавадаречки Тиквеш.

Кит Го гостува во Кавадарци против големиот фаворит, во желба за продолжување на позитивната низа. Фудбалерот од средниот ред, Владимир Дујовски верува дека тимот ќе го даде максимумот за уште еднаш да ги потврди своите квалитети.

„Позитивна е атмосферата во нашиот тим, па сигурно сакаме продолжување на серијата натпревари без пораз. Со трепелива и мудра игра секако очекуваме позитивни резултати на секој натпревар, без разлика на противникот“ - вели Дујовски и дополнува:

„Добро го знаеме квалитетите на Тиквеш кој секако ја носи фаворитската улога пред денешната пресметка. Но, ние ќе се обидеме да одиграме најдобро што знаеме. Ако биде така тогаш верувам ќе продолжиме со позитивните резултати“.

Натпреварот во Кавадарци ќе го суди Ристе Сејменов од Струмица, а ќе му помагаат сограѓаните Кире Ангеловски и Стојан Костадинов. Четврти судија ќе биде Сашко Ристов, исто така од Струмица. Делегат на натпреварот е Митко Бојаџиев од Чешиново, а контролор - Аднан Идризи од Тетово.