Минимален пораз од Тиквеш во Кавадарци (ФОТО)

И покрај квалитетното издание и рамноправната игра со противникот Кит Го со минимален пораз од 1-0 се враќа од гостувањето против лидерот Тиквеш во 7. коло од Втората лига - Исток.

Првото полувреме мина во максимално израмнета игра, и покрај привидната иницијатива на домашните, без посериозни шанси за погодок на двете страни.

Второто полувреме почна со подоминантна игра на Кит Го, низ тактичка определба преку брзи контранапади да се загрози противничкиот гол. Па, во 58. минута следеше извонредна шанса за Андонов кој изби сам пред голот на Тиквеш очи во очи со домашниот голман но шутира премногу млако од 12-13 метри за лесна одбрана на Игески.



И, по нереализираната шанса на спротивната страна следеше казната. Во 64. минута по нафрлувањето од слободен удар од левата страна, Емир Скендери најдобро се снајде пред голот на Кит Го и носи водство за Тиквеш.

Домашните до крајот ја одржуваа минималната предност за триумф и освоени три бода, и покрај тоа што во 86. минута Кит Го имаше нова 100% шанса за израмнување но од идеална позиција остана без реализација.

Во следното 8. коло, на 12. октомври, Кит Го гостува на Саса во Македонска каменица.

ТИКВЕШ - КИТ ГО 1-0 (0-0)
Градски стадион во Кавадарци: Гледачи: 1.500. Стрелец: Скендери 64'.


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (7. КОЛО)
Кавадарци: ТИКВЕШ - КИТ ГО 1-0
Пехчево: БРЕГАЛНИЦА - ПОБЕДА 3-0
Прилеп: ПИТУ ГУЛИ - БЕЛАСИЦА 0-8
Радовиш: ПЛАЧКОВИЦА - КАМЕНИЦА САСА 0-2
Кочани: ОСОГОВО - КОЖУФ 0-4