Анџело Николовски со повик за настап во репрезентацијата до 19 години

Левокрилниот дефанзивец на Кит Го, Анџело Николовски доби повик од селекторот Горан Станиќ за настап во македонската репрезентација до 19 години.

Македонија на 12. и на 14. октомври ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната репрезентација на Кипар, за кои дуели е повикан и 18-годишниот Николовски.

Собирот на националниот тим е закажан за 9. октомври во Струмица каде и ќе бидат одиграни двата тест дуели со Кипар.