Арсов од Кочани главен судија на мечот против Каменица Саса

Спире Арсов од Кочани ќе биде главен делител на правдата на натпреварот на Кит Го против Саса кој во рамките на 8. коло во Втората лига - Исток се игра во сабота (12. октомври) со почеток од 15 часот во Македонска каменица.

На Арсов ќе му помагаат сограѓаните Методи Јорданов и Богданчо Ѓеоргиев, а четврти судија ќе биде Дарко Стојанов од Штип. Делегат на натпреварот е Милан Василев од Струмица, а контролор - Орданчо Ангелов од Неготино.