Убедлива победа на гостувањето против Саса во Македонска каменица

Во повеќе од доминантна игра, Кит Го стигна до сосема заслужена победа од 0-3 (0-1) на гостувањето против Каменица Саса во 8. коло од Втората лига - Исток.

Избраниците на Емил Грнев победата ја најавија уште во 3. минута кога Владимир Дујовски прецизно стрелаше за водство од 0-1. До крајот на првото полувреме следеа уште серија шанси за Кит Го, но резултатот остана непроменет.

Во второто полувреме нашите фудбалери продолжија во ист стил, со агресивна игра кон противничкиот гол па водството од 0-2 следеше во 61. минута преку Александар Пановски. Кога се чинеше дека триумфот ќе биде со два гола, Пановски со својот втор погодок заокружи на 0-3 во 94. минута.

Во следното, 9. коло, во Втората лига - Исток, Кит Го на 20. октомври во Пехчево ја пречекува прилепска Победа.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (8. КОЛО)
Каменица Саса - КИТ ГО 0-3 (0-1)

Градски стадион во Македонска каменица. Гледачи: 500. Стрелци: Дујовски 3', Пановски 61', 90'+4 (КГ).