Ѓуровски од Скопје ќе ја дели правдата на мечот против Победа

Кристијан Ѓуровски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Кит Го и прилепска Победа кој се игра во недела (20. октомври) со почеток од 14:30 часот во Пехчево.

На Ѓуровски ќе му помагаат сограѓаните Борче Џиковски и Владимир Арсовски, а четврти судија ќе биде Бесар Абдули, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Лазар Проданов од Валандова, а контролор - Зоран Бојанинов од Скопје.