Грнев: Формата на тимот во нагорна линија, атак на три бода и против Победа

Фудбалерите на Кит Го денеска од 14:30 часот во 9. коло од Втората лига - Исток во Пехчево ги очекува пресметката со прилепска Победа.

Шефот на стручниот штаб Емил Грнев е задоволен од формата на тимот на последните натпревари посакувајќи сето тоа да се надогради во иднина до крајот на есенскиот дел од шампионатот.

„Формата на екипата оди во нагорна линија. Да бидам искрен, можеби резултатите требаше да дојдат и порано, но мислам дека и сега на време фаќаме приклучок за горниот дел од табелата. Очекувам и далеку подобро игри наредниот период и подобрена реализација, затоа што тоа што го работиме на тренинзите играчите го препознаваат и применуваат на натпреварите“ - вели Грнев.

Што се однесува до натпреварот со Победа....

„Максимално се подготвувавме за натпреварот со прилепчани. Досегашниот дел од првенството покажа дека нема лесни противници, и на секој натпревар мора да се пристапува максимално дисциплинирано. Ја анализиравме и екипата на Победа која претставува цврста екипа, спој на искуство и младост, и сето тоа го покажа и на дуелот со Тиквеш. Но, ние одиме секако на победа со многу борба и желба на теренот. Ако одиграме согласно договореното верувам дека ќе дојдеме до трите бода“ - истакнува стратегот на Кит Го.