Стојановски од Кичево ќе ја дели правдата на мечот со Беласица

Марјан Стојановски од Кичево ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од 10. коло во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и Беласица кој се игра во сабота (26. октомври) од 14:30 часот на Градскиот стадион во Пехчево.

На Стојановски ќе му помагаат сограѓаните Давор Цветановски и Мартин Дејаноски. Делегат на дуелот ќе биде Ристо Танев од Гевгелија, а контролор на натпреварот - Златко Неделкоски од Скопје.