ВИДЕО: Мајсториите на Дарко Алексовски за победа над Беласица

Кит Го запиша на убедлив начин победа од 2-0 против Беласица во 10. коло од Втората лига - Исток, продолжувајќи ја одличната низа натпревари во шампионатот.

Херојот за три бода на Кит Го против досегашниот лидер во првенството беше Дарко Алексовски кој постигна два прекрасни погодоци во 9. и во 69. минута. Пред се оној вториот во 69. минута кој беше вистинско ремек дело со волеј-удар од повеќе од 25 метри....