Алексовски: Во голем стил го одигравме мечот со Беласица, мора да продолжиме на ист начин и понатаму

Со два прекрасни погодоци, од кои вториот вистинско ремек-дело, Дарко Алексовски ја донесе победата од 2-0 против Беласица во 10. коло од Втората лига - Исток.

Но, Алексовски по големиот триумф над струмичани, скромно потенцира дека сепак победата е дело пред се на тимската игра на Кит Го која е главното оружје оваа сезона. А, така ќе биде и во продолжението од шампионатот...

„Навистина добро се подготвивме за натпреварот против Беласица и го одигравме во голем стил. Знаевме дека не чека тежок, квалитетен противник, но силно верувавме во нашата тимска игра и со поддршка и од пуболиката успеавме да дојдеме до посакуваните три бода“ - вели Алексовски.

Во 11. коло од првенството Кит Го го очекува нов тежок натпревар, гостување на лидерот Кожуф на 2. ноември.

„Кит Го на секој натпревар секогаш оди на победа. Ни требаше очигледно малку време по почетокот на сезоната за да навлеземе во посакуван ритам. Не се опуштаме, напротив сега мора да продолжиме во ист стил и на секој следен натпревар, баз разлика на противникот од спротивната страна“ - истакнува Алексовски.