Нова извонредна партија на момците на Грнев: И Кожуф „на колена“ пред Кит Го!

Уште една беспрекорна партија на фудбалерите на Кит Го во Втората лига - Исток. Уште еден фаворит за влез во Првата лига на „колена“ пред избраниците на Емил Грнев, овој пат Кожуф против кого нашите фудбалери славеа со 0-2 на гостувањето во Гевгелија.

Во извонреден натпревар во кој максимално мотивирано се влезе од почетокот со тактичко надмудрувања и рамноправност во првото полувреме, се беше одлучено во вториот дел.

Најпрво во 57. минута Петар Најдов одлично шутираше од околу 18 метри прецизно сместувајќи во долниот десен агол од голот на гевгеличани. По само седум минути, феноменална акција и уште подобар гол, вистинска мајсторија на мало, на искусниот Бошко Ступиќ. Најдов од десната страна одличено пред голот на Кожуф го најде Ступиќ кој во манир на голем стрелец со пета мајсторски смести во противничката мрежа за конечни 0-2.

Сето тоа за пробив на Кит Го на четвртата позиција на табелата со 21 бод, три помалку од водечката Брегалница.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (11. коло)
КОЖУФ - КИТ ГО 0-2 (0-0)

Градски стадион во Гевгелија. Гледачи: 1.000. Стрелци: Најдов 57', Ступиќ 64' (КГ)

РЕЗУЛТАТИ - 11. КОЛО
Осогово - Брегалница 1-2
Кожуф - Кит Го 0-2
Питу Гули - Каменица Саса 0-2
УТРЕ (13:30 ч.)
Плачковица - Тиквеш
Беласица - Победа