Два прекрасни гола на Најдов и Ступиќ, вториот вистинска „мајсторија на мало“ на Ступиќ (ВИДЕО)

Петар Најдов и Бошко Ступиќ се творците на победата на Кит Го од 0-2 на гостувањето против Кожуф во Гевгелија во 11. коло од Втората лига - Исток.

При првиот гол во 59. минута, Ступиќ асистираше за Најдов кој прекрасно погоди со шут од 18 метри, а за вториот во 64. минута, Најдов одлично го проигра голгетерот кој реализираше вистинско ремек-дело постигнувајќи погодок со пета...