Битолска четворка ќе ја дели правдата против Плачковица

Дени Лековски од Битола ќе биде главен судија на натпреварот на Кит Го против Плачковица во рамките на 12. коло од Втората лига - Исток кој се игра на 10. неомври (недела) со почеток од 13 часот.

На Лековски ќе му помагаат сограѓаните Николче Дрнковски и Владимир Митревски, а четврти судија ќе биде Владимир Ѓорѓиевски исто така од Битола. Делегат на натпреварот ќе биде Тихо Чурлинов од Гевгелија, а контролор - Зоран Николовски од Скопје.