Анџело Николовски повикан за настап во селекцијата до 19 години во квалификациите за ЕП

Фудбалерот на Кит Го, Анџело Николовски доби повик за настап во македонската репрезентација до 19 години која во периодот од 10. до 19. ноември во Скопје ќе ги игра претквалификациските натпревари за пласман на Европско првенство.

Селекторот Горан Станиќ повторно го повика Николовски кој веќе е стандарден член на репрезентацијата до 19 години.

Македонија во претквалификациите за пласман на ЕП е во група со Англија, БиХ и Луксембург.