Продолжува победничката серија: Ступиќ со два гола донесе три бода од мечот со Плачковица

Продолжува победничката серија на Кит Го, овој пат заокружена со нов триумф од 2-0 сега во 12. коло од Втората лига - Исток на домашен терен против Плачковица.

Избраниците на Емил Грнев сосема заслужено стигнаа до победата наметнувајќи доминација од самиот почеток на средбата. А, во фокусот на мечот беше Бошко Ступиќ, стрелец на двата погодоци.

Дека е расположен за игра Ступиќ најави уште во 19. минута кога остана за малку нереализирана 100% шанса. По нафрлањето од левата страна Ступиќ со пета одигра одлично, но на самата гол линија гостинските дефанзивци спречија погодок расчистувајќи ја опасноста.

Затоа пак, во 29. минута гостите не можеа да го спречат водството на Кит Го по прекрасниот удар со глава на Ступиќ за 1-0, резултат со кој се замина на одмор.

Во второто полувреме продолжи агресивната игра со тотална контрола на средниот ред. Па по еден брз контранапад во 66. минута, Бошко Ступиќ одлично реагираше од само неколку метри носејќи водство од 2-0.

КИТ ГО - ПЛАЧКОВИЦА 2-0 (1-0)
Градски стадион во Пехчево. Гледачи: 300. Стрелци: Ступиќ 29', 66' (КГ)

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (12. коло)
Кит Го - Плачковица 2-0
Тиквеш - Осогово 7-1
Победа - Кожуф 0-1
Каменица Саса - Беласица 0-3
Брегалница - Питу Гули (17 ч.)