Комбиниран состав на Кит Го славеше на пријателскиот дуел со Василево

Искористувајќи ја паузата во првенството на Втората лига - Исток, поради репрезентативните активности, фудбалерите на Кит Го денеска одиграа пријателски натпревар против членот на Третата лига - Југоисток, ФК Василево.

На дуелот кој се одигра на гостински терен во Василево, Кит Го славеше со 0-1 со погодокот на Иван Колев.

Шефот на стручниот штаб, Емил Грнев се одлучи да настапи со комбиниран тим, укажувајќи шанса на повеќе млади фудбалери кои се со помала минутажа во шампионатот од Втората лига - Исток.