Ивановски од Куманово ќе ја дели правдата на мечот со Осогово

Филип Ивановски од Куманово ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од 13. коло во Втората лига - Исток меѓу Осогово и Кит Го кој се игра во сабота (23. ноември) со почеток од 13 часот во Кочани.

На Ивановски ќе му помагаат сограѓанинот Александар Ѓурковски, како и Бојан Николовски од Скопје. Четврти судија ќе биде Христијан Божиновски од Скопје, делегат ќе биде Мишел Истатов од Нов Дојран а контролор - Менде Дивитаров од Битола.