И шеста победа по ред: Триумф и против Осогово во Кочани (1-2)

Фудбалерите на Кит Го продолжуваат со одличните игри во Втората лига - Исток запишувајќи ја и шестата едноподруго победа во 13. коло од првенството. Кит Го, овој пат, славеше со 1-2 (0-1) на гостувањето против Осогово во Кочани.

Уште од самиот почеток на дуелот составот на Емил Грнев јасно потврди дека ќе атакува на трите бода во Кочани. Агресивна игра со доминација од првата минута по која следеше погодокот за водство од 0-1 преку Мартин Димоски во 30. минута. По мешаницата пред голот на домашните Димоски одлично се снајде тресејќи ја мрежата за предност на полувремето.



Домашните израмнија со голот на Влатко Коцев во 53. минута, но се потоа беше далеку подобра игра на нашите фудбалери кои создаваа шанса до шанса. Најпрво, во 65. минута Најдов за малку биеше со глава над голот на кочанци. Во 70. минута и Ступиќ се најде во шанса, но шутираше покрај голот.

Се редеа во продолжение и шансите на Зоран Андонов и повторно на Најдов, за да конечно Бошко Ступиќ во 90. минута ја донесе победата од 1-2 со убав гол со глава од 6-7 метри по центаршутот од левата страна.

Во следното, 14. коло, Кит Го на домашен терен во Пехчево на 30. ноември го пречекува составот на Питу Гули.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (13. КОЛО)
ОСОГОВО - КИТ ГО 1-2 (0-1)

Стрелци: Коцев 53' (О) - Димоски 30', Ступиќ 90' (КГ)