Скопска судиска тројка за последниот меч од есенскиот дел

Фудбалерите на Кит Го во сабота (30. ноември) со почеток од 13 часот на својот стадион во Пехчево го играат последниот натпревар од есенскиот дел во Втората лига - Исток. Во последното есенско коло, Кит Го се соочува со составот на Питу Гули од Крушево воден од желбата за продолжување на низата од шест едноподруго победи.

Главен судија на натпреварот ќе биде Бесар Абдули од Скопје, а ќе му помагаат сограѓаните Дарко Костадиновски, Владимир Арсовски и Кристијан Ѓуровски, како четврти судија. Делегат на натпреварот ќе биде Драган Јорданов од Велес, а контролор - Бранко Манајловски од Тетово.