Ристевски: Не го потценуваме Питу Гули, но мора со победа да ја заокружиме есентта

По извонредните игри изминативе шест кола низ кои се нанижаа исто толку победи, фудбалерите на Кит Го посакуваат со триумф и против Питу Гули денеска во 14. коло од Втората лига - Исток да го завршат есенскиот дел од шампионатот.

Дефанзивецот Никола Ристевски без размислување нагласува дека тимот е подготвен за максимален ангажман и со нов победа пред своите навивачи во Пехчево да ја заокружат есентта.

„Играме во одлична форма... Шест кола едноподруго нижеме победи, па сигурна сакаме сега со нов триумф да го заокружиме есенскиот дел од сезоната. Мора да кажам дека максимално се подготвени и мотивирани и за пресметката со Питу Гули без никаква желба за потценување на противникот. Напротив, со максимален респект и со целосен ангажман посакуваме да дојдеме до трите бода“ - вели дефанзивецот Никола Ристески.

Натпреварот меѓу Кит Го и Питу Гули се игра денеска со почеток од 13 часот на Градскиот стадион во Пехчево.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК, 14. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Тиквеш - Брегалница
Каменица Саса - Кожуф
Беласица - Плачковица
Кит Го - Питу Гули
Победа - Осогово