Актуелно

Лесен триумф и против Питу Гули: Феноменална серија од седум победи по ред за крај на есенскиот дел

Фудбалерите на Кит Ги ја запишаа и седмата едноподруго победа во Втората лига - Исток триумфирајќи со убедливи 3-1 (3-1) против Питу Гули во последното 14. коло од есенскиот шампионат. На тој начин, на најдобар можен начин, со најдолгата победничка низа во лигата ја заокружија есента.

Избраниците на Емил Грнев максимално офанзивно го почнаа натпреварот па по прекрасната акција и проигрување на работ на гостинскиот шеснаесетник дојдоа до водство уште во 6. минута со голот на Дарко Алексовски кој прецизно шутираше од 16 метри.

Во 20. минута нова голема шанса за Кит Го, по продорот од десната страна но Ступиќ за малку прекраток пред голот на гостите. По континуираните напади, во 42. минута прекрасен гол директно од корнер од десната страна постигна Александар Пановски кој го изненади противничкиот голман.

Питу Гули ја намали предноста со голот на Селмани во 43. минута, но во 45. минута повторно одлично изведен корнер од Пановски за да овој пат на првиот дирек Ступиќ со глава сместува во мрежата за 3-1.

Во второто полувреме повторно далеку подобра игра на Кит Го, но сепак гостите успеаја да се спасат од убедлив пораз. Рутински се одржуваше предноста за конечни 3-1.

Кит Го, со феноменална серија од седум едноподруго победи, есенскиот дел го заврши на третата позиција со 30 бода, веднаш зад Беласица која е на врвот со 34 бода и Брегалница на втората позиција со 31 бод.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (14. коло)
КИТ ГО - ПИТУ ГУЛИ 3-1 (3-1)

Градски стадион во Пехчево. Гледачи: 500. Стрелци: Алексовски 6', Пановски 42', Ступиќ 45' - Селмани 43'

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК, 14. КОЛО
Тиквеш - Брегалница 0-2
Каменица Саса - Кожуф 3-1
Беласица - Плачковица 4-2
Кит Го - Питу Гули 3-1
Победа - Осогово 5-1